Освен совет, овој пат заедно со Unique, ќе ви понудиме и конкретен производ што ќе ви помогне во секојдневното разубавување. Денес внимание им посветуваме на жените во зрелите години, понудувајќи им трикови со кои ќе изгледаат помладо и посвежо од кога било.
Светлите прамени одземаат години!Експериментирањето со бојата на коса оставете го за младите девојки...кога веќе годините не се ваш сојузник или ако имате намера да изградите стил, тогаш држете се до една боја. Негувајте ја со специјални шампони и серуми како овој на Avon (199 ден.) за да го задржите сјајот и првичната нијанса. Повремено може да извадите и прамени со боја на мед за да го освежите лицето.