
Производите на база на шеа путер ја штитат кожата од надворешни влијанија.
Шеа дрвото (во превод свето дрво), расте во тропскиот дел на Африка. Може да достигне висина до 15 метри, а потребни се речиси 40 години за неговите плодови да созреат и да може да се искористат за добивање на шеа путерот.
Плодовите на шеа дрвото се многу вкусни, но освен за исхрана се користат и во козметичката индустрија за добивање на шеа путерот. Лековитите својства на шеа путерот им биле познати на жените од африка уште пред 2000 години. Го користеле за секојдневна нега на кожата, како лек против ревматски заболувања, а најмногу како заштитен фактор од пустинскиот ветер.
СОСТАВ НА ШЕА ПУТЕРОТ
7 до 12% од составот на шеа путерот се однесува на незаситените масни киселини, покрај тоа изобилува со витамините за кожа A и Е, протеини и минерали.
ЌЕ ВИ ПОМОГНЕ ПРИ:
Шеа путерот продира длабоко во кожата, ја задржува влагата, ги регенерира клетките, помага при зараснување на помали рани, флеки од гребаници и изгореници. Одличен е за флеките после депилација, стриите и брчките околу очи.
Од причина што не покажал никакви нус ефекти при тестирањето, шеа путерот е идеален за нега на нежната детска кожа, а особено треба да го користат девојките што уживаат да се печат на сонце. Не само што е природен заштитник од штетните УВ зраци, шеа путерот ги заздравува сторените изгореници од сонцето.
Најчесто е застапен во производите за нега на тело, раце и усни бидејќи ја штити кожата од ветерот и сонцето. Одличен е за омекнување на грубите делови од кожата како оние на лактите, колената, стапалата.
ПРОИЗВОДИ НА БАЗА НА SHEA BUTTER:
L'occitane располагаат со неколку производи во чиј состав се среќава шеа путерот. Овие предлози ги преземавме од страните на Unique. Во секое бројче ќе најдете изобилство од козметички предлози за цело тело.




























































