Почна сезоната на носење џемперчиња. Прошетајте низ бутиците бидејќи може да се најдат во сите бои и кроеви.
Комбинирајте ги преку ден во поспортска варијанта, а одлично ќе ја украсат и вечерната комбинација. Доколку немате претстава каков џемпер да побарате или, пак, имате проблем со комбинирањето, останете тука.
Издвоивме 10 парчиња одлични за есенската сезона:
Класичен...Задолжително мора да имате џемпер со средна должина, ниту краток ниту премногу долг. За да ви служи во повеќе пригоди играјте на сигурна варијанта и купете си класичен со црна, бела, кафена или сива боја. За модерен изглед носете го со колан на половината.