Во лето ќе натнеме лесно фустанче и сандали и готови сме. Сега наутро ни требаат 5 минути плус за да ја облечеме сета топла облека. Но, ова не е единствената промена. Сте забележале ли дека во студените денови ви е потребна поголема чанта?
Во лето можеме да поминеме со вечерна чантичка и преку ден, но сега ќе ни треба дополнителен простор за ракавиците, шалот, капата, кремот за раце, лабело... Уште ако сте мајка, тоа значи двојно поголема чанта.
Но, да ја оставиме функционалноста настрана и модните трендови велат дека големите кожени чанти одлично стојат со капутите и џемперите од кашмир. Еве што препорачуваат светските дизајнери за есенската сезона:
Jimmy ChooЕдноставен, но софистициран дизајн. Ваквите димензии ќе направат да изгледате урбано, а и ќе имате простор за сите дрангулии.
-
Од силни бои до нежни пастелни, од ултра женствени до спортски комбинации од брендот MAX & Co.
...
-
Со актуелните трендови бегството од реалноста е полесно од било кога!
...
-
Единственото пожешко од она што Rosie го носи на модната писта е она што го носи надвор од неа.
...