Дали некогаш сте позајмиле парче облека од партнерот. Широката маичка, слечените фармерки, или спортското капче, подеднакво добро стојат и на девојка. Но, овој пат ќе се задржиме на поелегантна верзија.
Во бизнис-круговите секогаш има жена која се разликува од останатите. Тоа е онаа самоуверена девојка која носи машки панталони и вратоврска. Така? Епа не, оваа сезона машката гардероба е заштитен знак и за нежните девојки со стил.
Еве неколку машки парчиња кои ќе ве направат уште поголема жена од тоа што сте:
ШеширШапка во стилот на Justin Timberlake, подеднакво добро ќе стои и на вам. За да бидете понежен, на средината врзете и свилена марама или трака, а можете да ставите цвет или брош. Одлично стои со испеглана коса, особено за навечер.