Шалчињата се уште еден совршен моден додаток за во зима. За нив не постои некоја конкретна мода или ограничувања. И да се појавите со ланскиот волнен, свилен или памучен шал, не правите утка.
Имајте на ум дека шалот не мора да биде ист како и капата. Баш напротив, комплетите делуваат детски. Не се плашете да експериментирате со боите и дезените. Шалот може да се издвојува од целата комбинација.
Ѕирнавме во плакарите на познатите личности за да ви покажеме неколку примери за тоа како да ги комбинирате шалчињата.
Claudia SchifferМоделот носи шал од лен со небесно сина боја и розови цветови. Слични шалови носеле и нашите мајки, затоа побарајте во плакарите можеби ќе налетате на некој интересен. Цветниот дезен ќе ја освежи едноставната комбинација од фармерки и џемпер.