
73 % од мажите сакаат, но се срамат да носат чанти при излегување
Замислете си да излезете од дома без мобилниот телефон? Нели имате чувство како да сте гола? Истото ќе ве снајде ако од заборавеност , а можеби и свесно, ја заборавите чантата. Ете овој пат решивте да излезете без чантичка бидејќи ви здодеа да ја носите со себе особено кога треба да се туркате низ гужвите во диско само за да дојдете до шанк.
Ваквата појава им е несфатлива на мажите. Од секогаш се прашувале како може жените да се приврзуваат за предмети како чанти, чевли, накит или облека???
3 ПРИЧИНИ ЗОШТО ЖЕНИТЕ СЕ ЗАВИСНИ ОД ЧАНТИТЕ:
1 ПРИЧИНА - ТРЕНД
Чантата е еден од начините за жените да се чувствуваат модерно. Одличен моден додаток што мора да биде уникатен, впечатлив и да се менува заедно со трендовите.
2 ПРИЧИНА - САМОДОВЕРБА
Можеби звучи по малку неверојатно, но чантата е неисцрпен извор за женската самодоверба. Тука е вашиот кармин што откако ќе го ставите ќе добиете храброст да разговарате со додворувачот, а секако и мобилниот што ќе го чепкате во моментите на неизвесност.
3 ПРИЧИНА - РЕД И ДИСЦИПЛИНА
Жените се познати по редот и организацијата. Се мора да си има свое место. Едноставно е невозможно со себе да се понесе сето она што се крие во женската чанта. Зарем кармините и паричникот да ги бутаме по џебови. Среќа некој паметен се сетил и дизајнирал женска чанта.
Имавте ли прилика да го разгледате првиот број на Unique? Имате се уште време да ја поправите грешката. Внатре има навистина одличен избор на чанти што можете да ги побарате во нашите бутици. Ние ги класифициравме во две групи:
ВЕЧЕРНИ ЧАНТИ - малите црни чантички, оние со синџирче и оние во вид на плик се одлични за вечерно излегување. Сосема се доволни за да ги соберат парите, карминот и мобилниот.
ЧАНТИ ЗА ПРЕКУ ДЕН - големите чанти и оние со средна големина се таман скорени за преку ден или за на работа. Да можете да ставите некој тефтер или некое чоколатце за дополнителна енергија во текот на денот.
.gif)






















.gif)























