
Докажано шопингот е најдобрата антистресна терапија
Актуелна тема низ градските кафулиња е шопингот во Грција. Сите зборуваат за тоа кога точно почнува попустот, дали мора да се извади европски пасош или се уште агенциите посредуваат за визи за оние што не успеаја да го заменат?
Еве ги информациите до кои ние дојдовме:
- СЕКОЈА САБОТА ТРГНУВАЊЕ ВО 03.00 ОД СКОПЈЕ
- ПРИСТИГНУВАЊЕ ВО СОЛУН ВО 08.00 часот
- ВО 13.00 часот ПОСЕТА НА КОСМОС И ИКЕЈА
- ВО 16.00 часот ПОСЕТА НА ЏАМБО
- ТРГНУВАЊЕ КОН СКОПЈЕ ВО 17.00 часот
ЦЕНА:
900 денари повратен билет
10 евра грчка виза
Пријавување за виза 7 дена пред терминот за тргнување.
ШТО НУДАТ ПРОДАВНИЦИТЕ?
ZARA е актуелна со есенската колекција за есен-зима 2009/2010. Тие ги промовираат напумпаните ракави од 80-тите, затоа не плашете се да купите такво палто или фустан бидејќи истото ќе го најдете и на ревиите на светски познатите дизајнери. Актуелни се и чизмите над колена, машкиот стил на фармерки и кошули и војничките палта.
Во BERSHKA ќе најдете фантастични капути, кожени панталони и чизми со отворени прсти. Секако не смеете да не си земете еден добар пар фармерки и модни додатоци како шалови и капи. Колекцијата посебно ја одбележаа кусите палта.
Во H&M ќе ги потрошите сите пари бидејќи нема да можете да одолеете на уникатните парчиња облека. Трендовски и уникатни пантолони, капути, здолништа...Колекцијата изобилува со фустани со напумпани ракави и неповторливи колани и аксесорис.


















































