Променливото време почна да ни создава главоболки, особено наутро кога не знаеме како да се облечеме. Дебелите ролки премногу топлат, а пак рано е за куси ракави...значи ви треба нешто помеѓу.
Но и за тоа има решение. Ослонете се на модните страни на UNIQUE...внатре ќе најдете куп предлози за лесни и потенки џемперчиња соодветни за сезоната. Комбинирајте ги со фармерки, здолништа, хеланки. Најпрактични се оние со копчиња бидејќи можете да ги соблечете доколку ви е топло во канцеларија.
Еве ги нашите предлози што ги позајмивме од Unique бр.3, што веќе се наоѓа на продажните места:
ЗА СЕКОЈА ПРИГОДА...Подолгите џемпери со копчиња и колан се посебно актуелни. Одлично стојат со хеланки и фармерки. Освен со чизми за некое време ќе можете да ги носите и со балетанки, а одлично стојат и врз шорц. Џемперот чини 1.090 денари, а можете да го најдете во Koton.