ALVIERO MARTINI

Барајќи ја инспирацијата во зелените шуми на Источна Европа, Alviero Martini се претстави со колекција во која владееше микс од материјали и земјени тонови. Кожа, памук, крзно...паметен контраст што овозможи уникатна димензија во секое парче.
KRIZIA

Еден од најпочитуваните италијански дизајнери, Mariuccia Mandelli се претстави со моќна колекција во која доминираа сребреникавите коктел фустанчиња, футуристички костуми и интересни крзнени додатоци што ги збогатија комбинациите.
D&G

За последната колекција, модната куќа D&G инспирацијата ја бараше во Алпите. Покажа вистинска зимска колекција со одлични палта, здолништа од шифон и крзнени чизми.
MOSCHINO

Критиката за колекцијата беше едноставна - тие беа единствените што успеаја да внесат персоналитет во креациите. Присутните беа фасцинирани од гламурозните крзнени капути.
D SQUARED2

Последната ревија на дизајнерите на DSquared2, Dean и Dan Caten беше крајно екстравагантна. Црно, петролеум сина и сива боја...можеа да се видат модерни кожени панталони, а баланс правеа фустаните инспирирани од 40-тите.
SPORTSMAX

Колекцијата на Sportsmax беше прогласена за една од најкреативна на модната недела. Комбинирајќи повеќе од 4 различни материјали, успеаја да создадат парчиња што не изгледаа нападно. Користен беше кашмирот, твид, шифон, волна...чорапите до колена и чизмите со отворени прсти беа апсолутен хит.
GIORGIO ARMANI

Велветот беше главната нишка на креаторот...куси коктел здолништа, фустани со едно рамо и меки јакни. Црно-белите парчиња беа разиграни со црвени, портокалови и златни моменти.
EMILIO PUCCI

На ред стаса и нашиот фаворит, последната колекција на Emilio Pucci зрачеше со гламур и сексапил. Куси здолништа и елегантни фустани со деколте, изработени до најситниот детал.
ROBERTO CAVALLI

Неутрални бои споени со богат хипи изглед. Уникатни јакни, принтови од леопард и многу ситни детали како шаловите и коланите ги збогатија парчињата.
GUCCI

Овој пат колекцијата на Gucci беше попрефинета. Луксузни крзнени палта, елегантни панталони, додека фустаните беа со строги линии, подолги од вообичаено и зрачеа со совршена чистина.
Слични текстови
- 01/03/2010 - Топ 6 пролетни џемпери
- 25/02/2010 - Фустани во стилот на 40-тите
- 23/02/2010 - Моќта на долната облека
- 13/02/2010 - 7 комбинации за Денот на вљубените
- 12/02/2010 - Чевли за пролет/лето 2010
- 08/02/2010 - Подгответе се за коктел забава
- 03/02/2010 - Модерни и на дожд
- 30/01/2010 - Аватар инспирација за Jean Paul Gaultier
- 25/01/2010 - Unigue чанти за старт на годината
- 17/01/2010 - Unique аксесорис за јануари

























