Работата во ваквиот стил е што или ќе ве освои, или никогаш нема да се осмелите да го носите. Но, модното правило за оваа пролетна сезона е едноставно: Дозволено е експериментирање до крајни граници. Воопшто не треба да се ограничувате во смисла целосните панталони да го носите исклучиво со спортска маичка и налани, слободно облечете ги со високи потпетици и ставете накит. Ајде зборовите да ги замениме со слика, еве што сакаме да постигнете:
Jean Paul Gaultier

Романтична и елегантна комбинација постигната со целосни панталони. Материјалот од кои се изработени, многу ќе ви помогне за тоа како да ги комбинирате. Високите потпетици и модните додатоци, како малиот шешир се во игра.
Ralph Lauren

Овде имаме пример за street варијанта, груби целосни панталони во комбинација со елегантно кошулче и шешир.
Roland Mouret

Во пролетната колекција за 2010, дизајнерот креираше светло сини целосни панталони, што елегантно стојат на женската фигура. Половината е покриена така што нема да мора да водите сметка за тоа дека имате вишок во оваа зона. Комбинирани со накит и високи потпетици со темно кафена боја - и во боите е дозволена слобода.
ЕВЕ УШТЕ НЕКОЛКУ ПРЕДЛОЗИ ЗА ТОА КАКО ДА ГИ НОСИТЕ...


















































