ВОЈНИЧКИ СТИЛ

Оваа пролет актуелни се војничките, маслинесто зелени панталони. Овој пат се дозволени повеќе варијации што значи не мора да се ограничите и да барате исклучиво широки панталони со карактеристичните странични џебови.
ЦВЕТЕН СТИЛ

Оваа пролетна сезона е карактеристична по својата женствена страна, меки материјали, нежни пастелни бои и секако доминантните колоритни цветни дезени. Цветовите освен на фустаните, се преселија и на малите џемперчиња и пантолоните.
ЦЕЛОСНИ ПАНТАЛОНИ

Несомнено жените најмногу им се израдуваа на целосните панталони. Дизајнерите овој пат успеаја да ги внесат и во светот на гламурот, па така сега можете да ги комбинирате со високи потпетици и кусо палто.
РОМАНТИЧНИ ВО ПУДРА БОЈА

Ако се водите по актуелните бои, при купувањето облека, тогаш нема да погрешите ако купите фустан, здолниште или панталони во пудра или бледо розова боја и ја доведете во комбинација со бело. Ова е проверен начин за да ја покажете вашата женствена и романтична страна.
ОБЛЕКА ВО ЛИНИИ

Познатите на сликата демонстрираат покласичен изглед на црно-бели линии, но на модните ревии за пролет/лето 2010 можеа да се видат и морнарски комбинации на маички со сино-бели линии, бели панталони и златни и црвени модни детали.
ПЕРДУВЕСТИ КРЕАЦИИ

Пердувите од косата, се преселија и на облеката. Речиси на секое гламурозно случување можеше да се види позната личност облечена во романтичен и ексклузивен фустан или здолниште изработен од богати пердуви.
ЖЕШКИ ВО БЕЛА БОЈА

Уште една боја на пролета - од Fendi, Bottega Veneta , Narciso Rodriguez па се до Stella McCartney, по се изгледа дизајнерите не може да се заситат од совршенството и гламурот што го носи белата боја.
ПЛЕМЕНСКИ ИЗГЛЕД

Племенскиот изглед, инспириран од племињата во Африка, настапи на голема врата. Земјени тонови, анимал принт, природни материјали од кожа, беа главните атрибути на дизајнерите. И покрај доминантното шаренило, комбинациите се збогатени со специфичен, крупен накит. За да постигнете ваков изглед, не смеете да се плашите да мешате бои и материјали.
УМЕРЕН СЕКСАПИЛ

Dolce and Gabbana не беа единствените што си играа со сексапилот во креациите, Fendi, Nina Ricci, Karl Lagerfeld исто така се обидоа да го откријат женското тело, но со умереност и мајсторски вкус. Проѕирни тоалети, големи шлицови, расцепкани блузи...целта е да привлечете внимание, но не да откриете се.
.gif)






















.gif)























