
Пример за одлично модерно, спортско издание!
Високи потпетици, елегантни фустани, уникатни чанти...се е тоа во ред, но нели понекогаш ви се смачува да бидете стегнати и средени до перфекција? Цела недела, секое утро го поминувате во средување и шминкање, а пред легнување во чистење на лицето и планирање на комбинацијата за следниот ден. Затоа драги читателки постои викендот; не користете го само за да надоместите со пријателките на кафе, тоа време резервирајте го за да ја одморите кожата од мејкапот, облечете се во удобна облека и раскомотете се во природа.
За да ви ја олесниме работата...во петтиот број на Unique, достапен ви е на најблиската трафика, резервиравме страна за најмодерните спортски парчиња што може да се најдат низ нашите трговски центри. Голема е бројката на комбинации што можете да ги направите, а освен личното задволство, несомнено ќе предизвикате внимание со вашата дневна појава. Додека да се снабдите со Unique, ќе ве занимаваме со дел од издвоената гардероба:































































