
Пример за романтична комбинација во нежни бои!
Овој месец ве научивме како да станете морска сирена на асфалтот; да бидете дел од урбаната шема преку спортска комбинација. Во исчекување на новиот број на Unique, ќе го задржиме вашето внимание со романтичните парчиња облека со боја на пурпур. За романтика има место во секое годишно доба, но пролетта е особено привлечна за лесни фустанчиња, цветни маички, лесни кошули и нов комплет долна облека. Сето тоа спаковано со цени ви го носи вашиот месечен пријател Unique. Од неговите страници украдовме неколку примери, останатите чекаат на вас во списанието, побарајте го во најблиската трафика!





























































