Сте се почувствувале ли некогаш како да имате малку облека и како да сте облечени во истите парчиња цело време? Имате ли потреба секој ден после работа, дома да се вратите со по некоја нова алка, маица, или, пак кошула? Сигурно не поминува ден, а да не го чуете коментарот на вашата мајка: „Аман веќе, плакарот ќе се распадне од алишта." Знаете дека има право.
Времето се затоплува, па затоа извадете ги тие парчиња неискористена облека и вратете ги повторно во мода. Ова се нашите совети за одлично поминато морнарско лето:
Изглед 1Направете комбинација од старата најобична морнарска маица со кратки ракави и тесни фармерки, целиот изглед разиграјте го со модни додатоци во златна, кафена или беж боја.
Послушајте ги нашите совети и чувствувајте се повторно секси во морнарските комбинации направени од старите заборавени парчиња облека.