Летото е идеално време за носење на фустани. Можете да ги носите преку ден, кога сте на кафе или прошетка во комбинација со ниски сандали, а за вечерните излегувања комбинирајте ги со повеќе аксесоари и се разбира високи потпетици. Овој пат украдовме само мал дел од изборот кој го има во новиот број на Unique, кој веќе е во продажба. Побрзајте да го купите за да ги погледнете примерите што ќе ви помогнат да добиете шик комбинација.




























































