
Запазете го обликот на лицето и изберете го најдобриот модел за вас.
Летото никако не смеете да го поминете без очила за сонце кои се тренди и кои на очите ќе им ја дадат потребната заштита од сонцето. Многу е важно очилата да бидат модерни и да прилегаат на вашата форма на лице, но секако дека тие треба да бидат и квалитетни. Со правилниот стил и форма, овие очила за сонце ќе направат да изгледате уште пожешко за време на летото. Затоа запазете го обликот на лицето и изберете го најдоброто за вас.
МОДЕЛ 1

Овој модел на очила има рамки кои се тенки и формата е округла. Наликуваат на полициски очила. Одговара за секоја форма на лице - обидете се да одберете некои кои ќе ги покриваат вашите веѓи. Овие очила за сонце се дефинитивно ин.
МОДЕЛ 2

Рамките на овие очила за сонце се мали и имаат форма на пеперутка. Овој тип на очила за сонце најдобро им прилега на оние кои имаат овално или срцевидно лице.
МОДЕЛ 3

Рамките на овие очила за сонце се големи и имаат форма која наликува на квадрат. Ја балансираат големата вилица. Овие очила за сонце ќе ви ја дадат перфектната доза за да изгледате шик и тренди.
МОДЕЛ 4

Овој модел на очила за сонце се со рамки кои се заоблени и големи. Овие очила за сонце најдобро им прилегаат на оние кои имаат издолжено и слабо лице.


















































