Сонцето знае да биде многу јако и буквално да ве удри во глава. Да предизвика да имате големи главоболки па дури да поцрвените и кожата да почне да ви се лупи. Зошто да го дозволите тоа?
Ви понудивме голем избор на бикини, но секој одмор бара уште една мала ситница која најчесто се заборава. Шапките се исто така важен модел детаљ за ова лето.
И во овој број на Unique, на страните посветени само за вас, може да ѕирнете каква комбинација од шапки и бикини може да направите за да изгледате елегантно дури и на плажа.
Покрај тоа, Unique ви нуди и голем избор на други модни детали за на плажа, фустанчиња, сандали...
Не пропуштајте ги и останатите летни парчиња гардероба на 10-те страни од новиот број на Unique. Во него можете да ги најдете и нивните цени и продавниците од каде може да ги набавите.
Забавувајте се и ова лето со нас и изгледајте прекрасно.


























































