
Слободно може да експериментирате со боите и уживајте во машките погледи.
Сигурно веќе сте одбрале костим за капење, но постојано има некој мал детаљ кој ви смета на вашето тело. Со кои модни додатоци можете да ги прекриете тие маани и недостатоци, а да го истакнете вашиот сексапил?Ленени панталони
Долги или кратки секако останува на вас. Ќе ја нагласат половината , а деколтето ќе делува романтично и елегантно.
КошулаОдличен избор за на плажа. Удобна, практична и лесна за комбинирање. Ќе ги покрие вишокот на килограми и ќе го нагласи сексапилот.
Марама
Марама е моден детаљ што секоја жена мора да го има. Можат да се носат или кратки или долги. Со марамата ќе ги нагласите облините и ќе изгледате секси и романтично.
Здолниште
Бикинито и здолништето нека бидат во иста боја. Тоа ќе ги покрие колковите и задникот кај оние жени кои имаат проблем со тоа.
Мини комбинезон
За покривање на стомакот, одличен избор е мини комбинезонот. На плажа може да уживате во наједноставната комбинација досега. Доколку сакате, можете изгледот да го зачините со накит.
Кратка туника
Полн погодок за на плажа. Со или без ракави, изборот е ваш. И вака и така ќе изгледате секси и атрактивно. Туниката ќе ги истакне вашите облини.
Долг фустан
Долгите фустани се вистински хит за ова лето. Покрај тоа што може да ги носите за вечерни излегувања, тие се совршени модни детали за на плажа. Слободно може да експериментирате со боите и уживајте во машките погледи.


















































