Сигурно во текот на летото сакате да бидете убаво облечени, но сакате да заштедите и некој денар за одморите.
Во осмиот број на Unique, ви понудивме различни парчиња гардероба, и со различни цени се разбира.
Но, и овој пат мислевме на вас и вашиот џеб.
Земете го Unique од најблиската трафика и ѕирнете ги сите парчиња кошули, панталони, здолништа, високи потпетици..., што ги подготвивме само за вас.
Овде, ви нудиме само дел од евтините парчиња гардероба. Останатите можете да ги најдете на 10 страни, во осмиот број на Unique.



























































