Ако во минатото се носеа за заштита на очите од штетните УВ зраци, денес се незаменлив моден додаток. Особено кај нас младите станаа зависни од нив. Секој е спремен да плати висока сума само за да биде во тренд.
Почна да се прави и разлика помеѓу очилата за зимските денови и оние за на плажа. За зимските ќе зборуваме кога ќе дојде вистинскиот момент, а сега ќе разгледаме што велат модните трендови за оваа летна сезона. Доколку можете да си дозволите, за да бидете во чекор со времето, ова е вистинскиот избор.



























































