Чувството е посебно, кога и под секојдневната комбинација од фармерки и маичка, носите убава долна облека.
За поздрав е тоа што кај нас се отворија посебни бутици за таа намена. Изборот можеби и не е толку голем како во странство, но сепак може да се најдат елегантни и нежни парчиња. Не мора да ја носите во текот на работната недела, но ве советуваме да создадете навика да носите ексклузивна долна облека во специјални пригоди и вечерни излегувања. Ќе се чувствувате секси и посамоуверено.
Не само колекционерите на уникатни парчиња долна облека, туку и најобичните жени имаат слушнато за шоуто на Victoria Secret. Убави жени, гламур, познати личности, најскапата долна облека изработена од совршени материјали во секогаш препознатлив стил... сето тоа асоцира на Victoria Secret. Сигурно кога би имале прилика, не би можеле да одолеете, а да не си дозволите еден секси комплет.
Еве како изгледаше последната ревија за 2008 година, која се одржа во Fontainebleau хотелот во Мајами:







































































