
Црното тесно фустанче е заштитен знак на Victoria Beckham.
Сигурно и вие ги имате во својот плакар оние неколку неизбежни парчиња гардероба, во црна боја. И тие секогаш ќе блескаат во полн сјај во комбинација со само една единствена сребрена нараквица, пар обетки или црвен лак.
Неодоливото црно тесно фустанче, оцртувајќи ја женската фигура во форма на песочен часовник, веќе години наназад изнудува воздишки од посилниот пол. Магијата на црната боја се провлекува векови и векови, цврсто рамо до рамо со променливите, актуелни, сезонски бои, промовирани на модните писти. Дали црната боја привлекува погледи на истиот начин како што ги привлекува и сончевите зраци или пак нејзината тајна се крие во симболиката на темнина, мистерија, моќ и индивидуалност?
Речиси 47 проценти од жените ја наведуваат црната боја како своја омилена, а дури 50 проценти од мажите посакуваат да ја видат својата партнерка во црна долна облека. Таа дејствува поразително на нивните сетила и е прогласена е за најсекси боја на сите времиња. Жената во црно симболизира јака, независна и самоуверена жена која ги прифаќа предизвиците на животот и не се крие зад плеќите на својот партнер.
Моќта на бојата на ноќта се потврди и на една аукција во Лондон, на која црниот фустан од тантела на актерката Аudrey Hepburn, дизајниран од Givenchy кој таа го носеше за филмот од 1966 година -„Како да украдеш еден милион", беше продаден за рекордни 60.000 фунти (97.788 долари). Оваа модна икона на 20-тиот век ги постави стандардите на добриот, префинет вкус, кој сѐ уште е репер за голем број холивудски ѕвезди. Нејзиниот изглед во филмот „Доручек кај Тифани" остави историски белег во модата преку склопот на едноставноста на црниот вечерен фустан и нејзината убавина.
Само не заборавајте, црната боја варира зависно од ткаенината, затоа бидете внимателни при комбинирањето на повеќе парчиња облека во црна боја, сe со цел да добиете една хармонична целина.
.gif)






















.gif)























