Контроверзна по настапот, изјавите како и неколку годишниот брак со ексцентричниот Marilyn Manson таа не може да помине незабележана. На нејзините настапи на различни сцени низ светот, кои секогаш се проследени со бурни реакции и дебати, неретко настапува со корсет кој и го стеснува струкот на неверојатни 42 сантиметри.
Ако и вие сте храбра и доминантна девојка тогаш сигурно ќе се пронајдете во некоја од нејзините ретро комбинации.

Специфичен фустан, единствен и провокативен напрскан со црвени светкави детали на кој секој би можел да и завиди.
Порцеланската светла кожа сјае под прецизно нанесениот црн туш и карминот во јака црвена боја. Специфичен фустан, единствен и провокативен напрскан со црвени светкави детали на кој секој би можел да и завиди.

Таа го практикуваше овој тренд и пред воопшто да се појави на модните писти.
Има многу работи кои се привлечни во стилот на Dita, но класичниот маникир со долги средени црвени нокти е на врвот. Таа го практикуваше овој тренд и пред воопшто да се појави на модните писти. Долгиот фустан ја истакува нејзината убава фигура, а крајот кој се шири надолу овозможува да дојде до израз уникатниот дизајн со црвени ружи на црна подлога.

Фустанот во нежна праска боја и сатенските сандали со висока потпетица и даваат носталгичен изглед на оваа дива.
Клучен изглед за нејзиниот стил е меката, црна коса направена во ретро бранови со кои веднаш наликува на старлета од 1940-тите. Фустанот во нежна праска боја и сатенските сандали со висока потпетица и даваат носталгичен изглед на оваа дива.

Таа е една од ретките која може да поврати некој тренд и да му даде современа нота.
Заводнички мистериозен поглед низ црната мрежа од нејзината шапка. Таа е една од ретките која може да поврати некој тренд и да му даде современа нота. Карактеристичната кафена боја на палтото и здолништето одлично и прилега.
.gif)






















.gif)























