
Познатите едноставно не можат да се заситат од последната колекција на Gucci! Оваа недела Kim Kardashian се одлучи за примерок во силни бои, претходно носен од аристократијата. Но таа е аристократијата на реалната телевизија, па тоа е практично исто, зар не?
Charlotte Casiraghi ја носеше истата креација на International Art Biennale dinner изминатата недела, надополнувајќи го изгледот со златни сандали, исто Gucci. На аристократски начин ги спои златниот колан со сандалите.
Во средата, Kim Kardashian се одлучи за истиот изглед за промоцијата на парфемот со нејзин потпис во Англија. Ова парче изгледаше многу поинаку на нејзините облини, бидејќи таа 2 пати ја заврати врвката околу коланот и носеше сандали во боја од истата сезона на Gucci.
Која од овие две дами поубаво го носи моделот?
.gif)






















.gif)























