
Прочитајте ги овие 4 истражувања и извлечете поука да не го правите и вие тоа:
- Осум од десет жени се чувствуваат несигурно во бикини се резултатите од најновото истражување. Жените на возраст од 16 до 24 години се плашат дека изгледаат дебели, дури и кога другите им велат дека не се. Една четвртина од жените размислуваат за пластична хирургија, а скоро половината држат диета пред летувањето.
- Британското истражување во кое учествуваа над 2.000 жени покажа дека 61 година е горната граница за било какво носење на костим за капење, а жените над 47 години не треба да носат бикини.
- Цели 80 проценти од жените мислат дека другите жени ги осудуваат додека се во костим за капење, покажува истражувањето на магазинот Fitness спроведено врз 1000 испитаници. Поголемиот број на жени идеалот го гледаат во славните слаби жени, па така најмногу го сакаат телото на Џенифер Анистон. Според истражувањето само 11 проценти се задоволни со начинот на кој што изгледа нивното тело.
- Истражувањата покажале дека носењето на бикини ја поткревало самодовербата, меѓутоа дури 97 отсто од анкетираните жени изјавиле дека се срамат да носат бикини, од кои 27 отсто како причина ги навеле наслагите од целулит, а 22 отсто - белиот тен.
Проблемот на жените со самодовербата пак исплива на површината, но зошто да се оптоварувате толку со изгледот на вашето тело и да си го расипете летното уживање?
Размислете само колку прекрасно ќе изгледате во некои од овие модели на костуми за капење, огромен шешир, капки по вашето тело и чоколадна боја. Вашите прамени сјаат под зраците на сонцето, а вие уживате на топлиот песок со студен коктел во вашите раце. Бесценето, зарем не?
.gif)






















.gif)























