
Rosie Huntington-Whiteley се најде на врвот на листата Maxim's Hot 100 и нејзината убавина беше крунисана со награда.
Неверојатно убава, згодна, сексапилна, рака под рака со еден од најпривлечните мажи на светот, таа е идол на речиси секоја жена.
Rosie Huntington-Whiteley се најде на врвот на листата Maxim's Hot 100 и нејзината убавина беше крунисана со награда. Таа се подготвува за проектот кој и следи, Transformers, со помош на најсекси „механичарот“ на сите времиња.
Веќе некое време е во врска со заводливиот Jason Statham, а кружат гласини дека бараат и заедничка куќа. Неодамна се појавија заедно на настанот Met Gala и не можеа да ги оттргнат рацете еден од друг.
Прекрасната тигирица знае на најдобар можен начин да ја истакне својата убавина. Прекрасното лице и извајаното тело, не и задаваат некоја голема мака и не и е потребен некој голем труд околу тоа да ги сокрие мааните, но се издвојува од другите модели по тоа што ја носи секоја креација со посебна магија.
Овој британски модел роден 1987 уште во 2008 се појави на насловната страна на Vogue, а во 2007 се забавуваше со Tyrone Wood, најмладиот син на басистот на Rolling Stones, Ronnie Wood.
Како што самоуверено чекори на модните писти во последната колекција долна облека на Victoria's Secret, така чекори и во прекрасните вечерни тоалети на најразлични гламурозни настани.
Погледнете ги највпечатливите фотографии и изданија од неа. Michael Kors и Jimmy Choo се само дел од нејзиниот избор.
.gif)






















.gif)























