zena_stava_kremaКако да го негувате лицето после 30-тите
Решете се од првите брчки!
AP080915016465Совршено испеглана коса
Ја исправувате со саати и пак ви се прекршува зад ушите.
glovessssРакавици за сечиј стил
За мазни и нежни дланки, не ја поминувајте зимата без ракавици!
za_preku_den_1Совети за дневна шминка
Има ли жена која би се откажала од дневниот мејк ап?

Еден поинаков „моден“ совет

gola2

Девојката која трчкаше низ паркот со стартки и лежерно фустанче е и посреќна и посамоуверена и поубава.

Кога љубовта кон модата премина во болна опсесија? Пратењето на модните трендови по секој цена како епидемија ја нападна нашата ни мала Македонија. Дали тоа е напредок на свеста на жените или само уште еден доказ за нивната искомлексираност?

Германките со 10 пати поголеми примања уживаат во природноста на својот изглед, лежерните апостолки и куси шорцеви, а кај нас секоја државна 15-ка или приватна 23-ка се претвори во модна писта.

Очајни за внимание

Оскудните плати безмилосно се фрлаат на скапи потпетици, со кои нозете при ненадејното кочење на автобусот ви ги демне ризик, на луксузни фустани и здолништа кои по завршувањето на ова патешествие се како после центрифуга, а се што ќе добиете е залутан поглед на некој поспан господин, кој единствено што му го привлекло погледот е јаката боја на вашиот фустан.

Убави и самоуверени

Дали задоволство е да се искривуваат вратови по вас кога поминувате поради блесокот на вашите преголеми обетки или пак поради вашите екстремно долги нозе, бујни гради, прекрасна насмевка или било кој друг дар од природата?

Најубав подарок е да застанете голи и боси пред огледало и да уживате во она што го гледате, да си кажете – Да, јас сум убава, згодна, сексапилна млада дама, а не да потрошите 2 часа на ставање на вашата маска, половина килограм пудра, илјада и еден цвет во вашата коса, десетици марами околу вашиот врат, екстремно високи потпетици, скапи чанти.

Епидемија на површност

Македонскиот менталитет да се докаже престиж, успешност или привлечност преку облеката зема екстремни размери, а девојките се почесто страдаат од „депресија“, бидејќи пред очи им го земале последното бројче од фустанот од нивниот омилен бренд, а не поради десетиците деца загинати во трагична авионска несреќа во Русија или престрелката во училиште во Норвешка или пак за гладниот сосед, кој едвај сврзува крај со крај да им обезбеди парче леб на неговите 2 дечиња.

Кога станавме толку површни?

Кога стана шопингот центар на светот?

И неретко ќе наидете на женско друштво каде 80 проценти од времето се говори за шопинг или за најновата маскара или за „убиствено“ добрите чевли на платформа.

Се давите во досада како девојките наместо да работат на својата самодоверба, да научат да се сакаат со малиот вишок килограми, малите гради или големиот задник или пак наместо да работат на тоа со макотрпно вежбање, тие бесцелно го губат времето на говори за најновите диети, кои и сами се свесни дека максимумот што ќе ги применуваат се едвај 2 седмици. Купуваат скапи широки фустани за да ги затскријат недостатоците и луксузен накит за да ги одвлечат погледите од таму.

Но ова е начин само на лажење на самите себе, токму тие девојки кога ќе ја симнат маската дома се повторно несреќни и незадоволни, а девојката која трчкаше низ паркот со стартки и лежерно фустанче е и посреќна и посамоуверена и поубава и помагнетски привлечна за спротивниот пол.

Да се биде среќен во сопствената кожа, не е најнов моден тренд, тоа е модна класика!!!




 
Банер
Ѕирни ги новите креации на познатите модни дизајнери
  • 0
  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
  • 6
  • 7
  • 8
  • 9
  • 10
  • 11
prev
next
News image

Овен (21 Март - 19 Април)

Што и да направите денес не ги притискајте вашите емоции. Ако ги ставите во шише нема да помине долго пред да експлодираат, па подобро не ограничувајте ги за да нема престрашени гледачи.                                                  

News image

Бик (20 Април - 20 Мај)

Дали вашиот љубовен живот стагнира? Ако сте сингл, сега е дефинитивно време да превземете ризик. Ако сте во пар време е да почнете отворено да зборувате.                                        

News image

Близнаци (21 Maj - 21 Јуни)

  Денес може да сте малку збркани, па запишете се што треба да сторите и потоа тргнете на работа! Ако не можете сами да се организирате, тогаш побарајте помош од пријател.                                          

News image

Рак (22 Јуни - 22 Јули)

Ова е ден полн во можности за вас, па искористете ја сета одлична енергија. Ако сакате да започнете нешто ново сега е вистинското време, светот бара акција!                                    

News image

Лав (23 Јули - 22 Август)

Ова не е време да размислувате за се рационално, но сепак треба да ја послушате причината. Само верувајте му на инсинктот и направете проверка ако добар пријател ве советува така.                                        

News image

Девица (23 Август - 22 Септември)

Денес поминете што повеќе време со луѓето околу вас, потребни сте им, но и тие ви се потребни вам. Може да се работи за кратка финасиска криза или за вештина која треба да ја надградите.                                        

News image

Вага (23 Септември - 22 Октомври)

Останете колку што можете пофлексибилни денес, во спротивно ќе заостанете. Ако се навикнете на новиот распоред или новата понуда, сигурно ќе постигнете големи поени.                                    

News image

Скорпија (23 Октомври - 21 Ноември)

Потребно ви е гориво, па излезете и наполнете ги резервите. Дефинитивно копнеете за нешто ново, кое може да дојде од речиси било каде, па излезете и пробајте нешто диво.                                        

News image

Стрелец (22 Ноември - 21 Декември)

Потребни сте им на пријателите! Може да е вистинска криза или емоционална дупка, но вашето присуство и став се потребни. Тешко ќе допрете, но сепак мора да сторите се што можете!                                          

News image

Јарец (22 Декември - 19 Јануари)

Треба да лутате со мозокот денес, дури и да сте заклучени со децата дома или на бирото на работа. Може ќе ви помогне интернетот, само полетајте некаде побргу!                                              

News image

Водолија (20 Јануари - 18 Февруари)

Време е да продолжите понатаму! Без разлика дали закрепнувате од лош состанок или застрашувачка работа, треба да го оставите минатото зад себе и да се подготвите за нов предизвик.                                          

News image

Риби (19 Февруари - 20 Март)

Вашите соништа се внимателно компонирана драма од која можете да научите нешто, особено вечерва. Обрнете внимание на малите детали и видете што ќе излезе од нив.                                        

24-05-2012
Ѕирни ги новите креации на познатите модни дизајнери
  • 0
  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
prev
next
News image

Liam Hemsworth

News image

Keanu Reeves

News image

Brian Austin Green

News image

Olivier Martinez

News image

Paul Walker

News image

Chris Evans

News image

Zac Efron

News image

Antonio Banderas

News image

Ricky Martin

News image

Colin Egglesfield

News image

Jeffrey Dean Morgan

News image

Gerard Butler

Колку ви е важен стилот на облекување на вашето момче?