
Charlotte Olympia Pandora чантичка од плексиглас, која изгледаше магично, токму за пригодата.
Бидете и вие романтична принцеза оваа ноќ. Црната и белата боја се се што ви е потребно.
Во продолжение ви предлагаме 2 ултра романтични аксесоари, со кои овие дами измамија многу погледи. Чантата од плексиглас е нешто кое не се гледа секој ден, а една таква би била совршен крај на вашата комбинација на нежна принцеза.
Љубовниот бал од бајките
Fairy Tale Love Ball на Natalia Vodianova ја изнесе на површина скриената принцеза од секоја старлета која беше дел од балот.
Италијанската благородничка (и најдобра пријателка на Olivia Palermo) Bianca Brandolini, која дури и магазинот Vogue ја прогласи за модна икона, се појави со Charlotte Olympia Pandora чантичка од плексиглас, која изгледаше магично, токму за пригодата. Во комбинација со романтичната бела тоалета на Valentino Couture Bianca блескаше.
Бринетата ја носеше косата во плетенка на страна, според моменталниот тренд, а златните нараквици го комплетираа нејзиниот ултра романтичен изглед.
Clemence се појави на премиерата на „Harry Potter“ филмот со Nina Ricci платнени сандали на платформа во црна боја. Машничката и лелеавите краеви им дадоа романтичен изглед. Сето тоа беше во совршена хармонија со бел разигран фустан и црн колан.
Се надеваме ви дадовме доволна инспирација да блеснете оваа ноќ.
.gif)






















.gif)























