
Носете го летото со себе и бидете второто сонце во секоја пригода.
Два пара очила, 4 чанти, 2 пара рамни сандали и едни заводливи сандали на платформа, шорцеви, маичка и нараквица се нашиот предлог за удобен и заводлив летен изглед. Доминацијата на портокаловото и жолтото се во хармонија со сонцето и серитонинот во вашата крв, а шорцевите во тегет боја ви даваат огромен спектар на можни комбинации.
Овие минималистички рамни сандали се максимално удобни, а совршени се и за на плажа. Сламените шешири и чанти се неизоставен дел за доза на егзотичност во вашиот изглед, а оваа по малку детска нараквица ја избравме токму за да го истакне детето во вас, кое треба да биде најактивно токму во овој дел од годината.
Ослободете се од обврските, не мислете на проблемите, ставете ги очилата и гледајте на поинаков начин барем за време на заслужениот десет дневен одмор оваа година.
Носете го летото со себе и бидете второто сонце во секоја пригода.
.gif)























.gif)























