vetrot0Најоригиналните улични модни правила!
Размрдајте ја пролетта со силните зелени, портокалови и жолти нијанси.
mari18 едноставни пролетни комбинации
Геометриски принтови, патенти, фустанчиња со А-крој, шорцеви и што уште не!
Doca_4Кожата е во мода!
Дали знаете дека нашите продавници изобилуваат со кожни модели?
i_se_vee_kosataВреди да се проба!
Кои модни изгледи едноставно мора да ги пробате?

4 идеи за вашиот нов моден стил

obleka_copy_copy_copy

Шарените плетени чанти се повторно во мода.

Вие сте модерна жена и тоа подразбира дека добар дел од вашите финансии и време ги трошите на модерни парчиња облека. Во вашиот плакар можете да најдете парталчиња од најразлични стилови, но сепак ќе се согласите дека оние од последната мода се најдоминантни.

Им се восхитувате на модните икони од соседството

Сакале или не, ќе мора да признаете дека потајно и завидувате на пријателката која неодамна се врати од одморот од Италија и сега успешно комбинира 3 или повеќе бои и впечатлив накит и никој неможе да одолее на нејзиното чувство за мода. Можеби била инспирирана од тамошната мода, но како и да е,  нејзиното мешање на стилови ви се чини слатко, а притоа нема допирни точки со последниот тренд во градот.

Светските метрополи ги диктираат трендовите на препознатлив стил и смели креации. Колку нашата модна средина е исклучок од овој моден диктат?

Секоја чест за девојките кои се дрзнуваат да излезат од колосекот на последната мода која диктира униформност. Најверојатно и  вие потајно посакувате да ја имате таа храброст за да ве препознаваат како лидери на афирмацијата за оригинална мода.

Стоп за модниот диктат

Смачено ви се ситуациите кога сте посветиле толку многу време за изгледот, а сепак во локалот во кој сте излезени има уште најмалку 2 девојки со слични фустани, фармерки или било што.

Изгубени во својот стил

Спремајќи се за излегување поминувате повеќе од еден час пред огледало или збунето гледајќи во плакарот за кој мислите дека е преполн кога е за средување, а најпразен кога ви треба нешто да облечете.

Дефинитивно сте изгубени во својот стил. Најлесното и најкреативното решение на овој проблем е експериментирањето.

Еве 4 идеи што ќе ве изненадат со сопствениот одраз во огледалото:

-Старата кошула во комбинација со нов впечатлив ѓердан.

Доколку сами си го направите ѓерданот или било што од накитот, ќе бидете сигурни дека ниту една девојка во градот нема да има ист таков.

-Интересни дезени и минималистички крој.

Цветови , линии, геометриски фигури, слики, но под услов кројот да биде едноставен за да не изгледате нападно.

-Облека во пастелни бои комбинирани со детали во јака боја.

Рачен часовник, чанта, ремен, брош, шнола и други детали во впечатлива боја ќе ве направат препознатливи од далеку. Шарените плетени чанти се повторно во мода.

-Извезена облека, летни чизми, асиметрична форма на облеката можат да бидат вашите идеи за еден поинаков стил.

Експериментирањето подразбира обид да се пронајде стилот со кој ќе оставате личен печат на облеката што ја носите и веруваме дека оваа инвестиција нема да ве чини повеќе од неколку неуспешни комбинации кои најдобро ќе биде да ги заборавите.

Не заборавајте дека само под услов секоја комбинација да ја креирате со самоуверена насмевка ќе можете да го избегнете тренд– колосекот. Бидете смела девојка со смел изглед!




 
Banner Campaign
Банер
Ѕирни ги новите креации на познатите модни дизајнери
  • 0
  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
  • 6
  • 7
  • 8
  • 9
  • 10
  • 11
prev
next
News image

Овен (21 Март - 19 Април)

Што и да направите денес не ги притискајте вашите емоции. Ако ги ставите во шише нема да помине долго пред да експлодираат, па подобро не ограничувајте ги за да нема престрашени гледачи.                                                  

News image

Бик (20 Април - 20 Мај)

Дали вашиот љубовен живот стагнира? Ако сте сингл, сега е дефинитивно време да превземете ризик. Ако сте во пар време е да почнете отворено да зборувате.                                        

News image

Близнаци (21 Maj - 21 Јуни)

  Денес може да сте малку збркани, па запишете се што треба да сторите и потоа тргнете на работа! Ако не можете сами да се организирате, тогаш побарајте помош од пријател.                                          

News image

Рак (22 Јуни - 22 Јули)

Ова е ден полн во можности за вас, па искористете ја сета одлична енергија. Ако сакате да започнете нешто ново сега е вистинското време, светот бара акција!                                    

News image

Лав (23 Јули - 22 Август)

Ова не е време да размислувате за се рационално, но сепак треба да ја послушате причината. Само верувајте му на инсинктот и направете проверка ако добар пријател ве советува така.                                        

News image

Девица (23 Август - 22 Септември)

Денес поминете што повеќе време со луѓето околу вас, потребни сте им, но и тие ви се потребни вам. Може да се работи за кратка финасиска криза или за вештина која треба да ја надградите.                                        

News image

Вага (23 Септември - 22 Октомври)

Останете колку што можете пофлексибилни денес, во спротивно ќе заостанете. Ако се навикнете на новиот распоред или новата понуда, сигурно ќе постигнете големи поени.                                    

News image

Скорпија (23 Октомври - 21 Ноември)

Потребно ви е гориво, па излезете и наполнете ги резервите. Дефинитивно копнеете за нешто ново, кое може да дојде од речиси било каде, па излезете и пробајте нешто диво.                                        

News image

Стрелец (22 Ноември - 21 Декември)

Потребни сте им на пријателите! Може да е вистинска криза или емоционална дупка, но вашето присуство и став се потребни. Тешко ќе допрете, но сепак мора да сторите се што можете!                                          

News image

Јарец (22 Декември - 19 Јануари)

Треба да лутате со мозокот денес, дури и да сте заклучени со децата дома или на бирото на работа. Може ќе ви помогне интернетот, само полетајте некаде побргу!                                              

News image

Водолија (20 Јануари - 18 Февруари)

Време е да продолжите понатаму! Без разлика дали закрепнувате од лош состанок или застрашувачка работа, треба да го оставите минатото зад себе и да се подготвите за нов предизвик.                                          

News image

Риби (19 Февруари - 20 Март)

Вашите соништа се внимателно компонирана драма од која можете да научите нешто, особено вечерва. Обрнете внимание на малите детали и видете што ќе излезе од нив.                                        

24-05-2012
Ѕирни ги новите креации на познатите модни дизајнери
  • 0
  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
prev
next
News image

Liam Hemsworth

News image

Keanu Reeves

News image

Brian Austin Green

News image

Olivier Martinez

News image

Paul Walker

News image

Chris Evans

News image

Zac Efron

News image

Antonio Banderas

News image

Ricky Martin

News image

Colin Egglesfield

News image

Jeffrey Dean Morgan

News image

Gerard Butler

Колку ви е важен стилот на облекување на вашето момче?