koli1Мистериозна убавица или нежна принцеза?
Време е за драстични промени! Еве 3 идеи за да ја видат другата во вас.
devojka_vo_bikini_na_zalezКако до тотално опуштање на плажа?
Како да престанете да се грижите за целулитот на вашето тело?
gradnik24 градници соодветни на летната облека
Ќе кажете збогум на постојаното поместување, на непријатноста од прерамките и на проверката во огледало.
devojka_do_lavandaСо витамини до убава кожа
Консумирањето на витамини ќе ви ја подобри состојбата на кожата.

Куси шорцеви за долги прошетки

 

sorc

Удобноста со џинс шорцевите ќе ви биде гарантирана.

Топлите летни вечери се идеални за долги прошетки во паркот.

Се прашувате што да облечете за да се чувствувате удобно додека шетате, релаксирајќи го умот?

Кусите шорцеви се идеален избор за да се спасите од топлото време, и наедно да останете модерни, бидејќи сепак не знаете кога ќе налетате на некој згоден тип. Ќе мора да се согласите дека долгите и голи женски нозе истакнати со куси шорцеви изгледаат исто толку заводнички за мажите како и деколтето.

Изберете едноставен крој, лесен материјал и впечатлив детаљ и само напред кон истакнувањето на убавината на вашите нозе. Еве ги нашите предлози:

Џинс-шорцеви

Џинсот е материјал кој најлесно се комбинира со најразлични модели и бои на маички и кошули.

Можете да изберете најразлични нијанси на џинс, од најсветол кој најмногу одговара за летниот период, до темен кој соодветно се вклопува со горен дел во јаки бои и ексцентрични дезени.

Можете да изберете најразлична должина, од ултра кратки до спортски модел до под коленици. За посвечен изглед украсете ги со колан.

Удобноста со џинс шорцевите ќе ви биде гарантирана.

Ленени-шорцеви

Пријатноста на ленениот материјал е пресудна за летните горештини, а вие сигурно посакувате да уживате во материјал кој не го чувствувате на кожата.

Ленот освен што е пријатен е и оригинален за вашиот летен аутфит.

Бела боја во различни должини

Кусите пантолончиња во бела боја со должина каква што ќе одберете се вистинска летна опција. Белата боја одлично се вклопува во морнарскиот стил кој е особено актуелен оваа сезона или едноставно комбинирајте ги со класична маица или кошула.

Во јаки бои и дезени

Овие шорцеви нека бидат ваш заштитен знак летово. Нека ве препознаваат по боите на летото, или мотивите кои будат свежи чувства. Значи , не плашете се да облечете впечатливи шорцеви, но притоа внимавајте другите детали од гардеробата да бидат едноставни, за да не го добиете ефектот на пренатрупаност. Ваквиот минималистички изглед ќе биде магнет за многу погледи од страна. Не заборавајте, смелиот изглед е само за смели девојки!

Шорцеви со висок струк

Овој модел повторно се враќа во мода. Идеални се за постигнување на елегантен и истовремено урбан стил.

Пријатни прошетки со разголени нозе!




 
Banner Campaign
Банер
Ѕирни ги новите креации на познатите модни дизајнери
  • 0
  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
  • 6
  • 7
  • 8
  • 9
  • 10
  • 11
prev
next
News image

Овен (21 Март - 19 Април)

Што и да направите денес не ги притискајте вашите емоции. Ако ги ставите во шише нема да помине долго пред да експлодираат, па подобро не ограничувајте ги за да нема престрашени гледачи.                                                  

News image

Бик (20 Април - 20 Мај)

Дали вашиот љубовен живот стагнира? Ако сте сингл, сега е дефинитивно време да превземете ризик. Ако сте во пар време е да почнете отворено да зборувате.                                        

News image

Близнаци (21 Maj - 21 Јуни)

  Денес може да сте малку збркани, па запишете се што треба да сторите и потоа тргнете на работа! Ако не можете сами да се организирате, тогаш побарајте помош од пријател.                                          

News image

Рак (22 Јуни - 22 Јули)

Ова е ден полн во можности за вас, па искористете ја сета одлична енергија. Ако сакате да започнете нешто ново сега е вистинското време, светот бара акција!                                    

News image

Лав (23 Јули - 22 Август)

Ова не е време да размислувате за се рационално, но сепак треба да ја послушате причината. Само верувајте му на инсинктот и направете проверка ако добар пријател ве советува така.                                        

News image

Девица (23 Август - 22 Септември)

Денес поминете што повеќе време со луѓето околу вас, потребни сте им, но и тие ви се потребни вам. Може да се работи за кратка финасиска криза или за вештина која треба да ја надградите.                                        

News image

Вага (23 Септември - 22 Октомври)

Останете колку што можете пофлексибилни денес, во спротивно ќе заостанете. Ако се навикнете на новиот распоред или новата понуда, сигурно ќе постигнете големи поени.                                    

News image

Скорпија (23 Октомври - 21 Ноември)

Потребно ви е гориво, па излезете и наполнете ги резервите. Дефинитивно копнеете за нешто ново, кое може да дојде од речиси било каде, па излезете и пробајте нешто диво.                                        

News image

Стрелец (22 Ноември - 21 Декември)

Потребни сте им на пријателите! Може да е вистинска криза или емоционална дупка, но вашето присуство и став се потребни. Тешко ќе допрете, но сепак мора да сторите се што можете!                                          

News image

Јарец (22 Декември - 19 Јануари)

Треба да лутате со мозокот денес, дури и да сте заклучени со децата дома или на бирото на работа. Може ќе ви помогне интернетот, само полетајте некаде побргу!                                              

News image

Водолија (20 Јануари - 18 Февруари)

Време е да продолжите понатаму! Без разлика дали закрепнувате од лош состанок или застрашувачка работа, треба да го оставите минатото зад себе и да се подготвите за нов предизвик.                                          

News image

Риби (19 Февруари - 20 Март)

Вашите соништа се внимателно компонирана драма од која можете да научите нешто, особено вечерва. Обрнете внимание на малите детали и видете што ќе излезе од нив.                                        

24-05-2012
Ѕирни ги новите креации на познатите модни дизајнери
  • 0
  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
prev
next
News image

Liam Hemsworth

News image

Keanu Reeves

News image

Brian Austin Green

News image

Olivier Martinez

News image

Paul Walker

News image

Chris Evans

News image

Zac Efron

News image

Antonio Banderas

News image

Ricky Martin

News image

Colin Egglesfield

News image

Jeffrey Dean Morgan

News image

Gerard Butler

Колку ви е важен стилот на облекување на вашето момче?