
Вашата страст кон чевлите е неизлечива.
Ако ситуацијата кога последните пари ги давате за нов пар чевли кои само за нијанса или сантиметар во потпетицата се разликуваат од оние кои веќе ги имате дома ви е повеќе од позната, тогаш страдате од синдромот наречен фанатизам по чевли.
Случајноста како по правило ве наведува во ново отворениот бутик за чевли во градот и се разбира вие се вљубувате во пар чевли од најновата колекција. Не е важно што чевли со сличен модел или боја веќе имате во плакарот, се убедувате дека токму овие ви се идеални за новиот фустан. Можеби најновиот модел ве освоил со некое поинакво ременче, интересен детаљ или пак со нијансата за која првично сметате дека ќе ви одговара со повеќе комбинации на облека.
Најпрвин станува збор за вродена страст кон чевлите која со секој купен пар чевли прераснува во фанатизам. Зарем за момент не помислувате дека новиот пар чевли ќе ви го променат животот? Зарем не се радувате на сопствената колекција и се случува повеќе да се гордеете што ги поседувате отколку што ги носите? Најверојатно немате толку прилики за излегување колку што имате пара чевли.
Високи потпетици, мокасини, сандали, со полна потпетица, во летни бои, екстремни модели за посебни прилики и сите тие ве освојуваат на прв поглед. На женските изговори за нов пар чевли им нема крај, но единствен аргумент за заштеда на пари и место за чевли е дека на секоја жена и се доволни само три пара чевли во една сезона.
Во тренд со 3 пара чевли
Удобноста е императив за сите женски обувки, особено кога станува збор за чевлите во кои го поминувате целиот работен ден. Секоја жена би се согласила дека не треба да се штеди кога е во прашање квалитетот на чевлите, а тоа подразбира и удобност. Не би сакале вечерта да ја поминете со болки во нозете од неудобните чевли во кои го поминавте работниот ден и потоа обиколивте 3 трговски центри. Затоа мора да имате рамни чевли.
На секоја жена и се потребни класични црни потпетици кои се идеални за секоја вечерна комбинација. Црната боја подразбира класика и затоа е идеална за речиси сите пригоди. Нема да погрешите доколку инвестирате во едноставен модел на црни чевли.
Неодоливиот шарм можете да го нагласите со чевли со јака боја, животински дезен или интересен дизајн. Ваквите екстремни модели комбинирајте ги со едноставна минималистичка гардероба. Верувајте нема да останете незабележани.
Балетанки за комфор и оригиналност
Сите видови на рамни чевли се идеален избор за сите активни жени. Лесни и удобни и наедно идеални за состаноци и долги прошетки со момчето, за работните денови, за сите активни женски возачи.
Застанете на височина со високите потпетици
Со високи потпетици може да се чувствувате како заводничка во буквална смисла на зборот. Праксата покажала дека потпетиците се вистинското средство за привлекување на додворувачите страсно вљубени во долги женски нозе.
Со нив изгледате постројно. Дури постои верување дека еден сантиметар од штиклите е еднаков на еден килограм минус, или со други зборови колку повисока штикла толку поефектно изгледате.
Високите потпетици ве мотивираат да одите исправено и да ја демонстрирате вашата грациозност. Па, само напред смели девојки!
.gif)























.gif)























