
Блажената состојба само додаде блесок на лицето на оваа беспрекорна убавица.
Beyonce Knowles помина долг пат од нејзините почетоци со Destiny's Child! Од нејзиното заминување од оваа популарна група, таа постана мега пополарна ѕвезда и икона симбол на музиката, но и модата.
Нејзиниот стил еволуираше со текот на годините, за на MTV VMA 2011 да заблеска во портокалова тоалета на едно рамо од Lanvin. Оваа силна боја ги спои елеганцијата и авангардноста во совршена хармонија. Beyonce внесе искра во својот изглед со раскошни долги обетки Lorraine Schwartz и голем прстен. Блажената состојба само додаде блесок на лицето на оваа беспрекорна убавица.
На почетоците на Billboard Music Awards 2003 таа уживаше во блескавите фустани, искомбинирани со слично толку блескави сандали.
Но како чекореше на патот низ својата кариера таа дојде до точката кога на Academy Awards 2005 запрепасти со гламурозна класична тоалета.
Нејзината црна Versace тоалета беше софистициран избор за оваа голема холивудска ноќ. Фигурата беше истакната на вкусен и елегантен начин, а дијамантаските обетки не можеа да поминат незабележано.
Погледнете ги останатите нејзини изданија низ годините и одлучете кое е вашиот моден погодок.
.gif)























.gif)























