stomak1Голо стомаче, hot or not?
Ако и вие гледате со симпатија на овој тренд, тогаш е време да поработите на вашите стомачни мускули.
koza3Медитеранската диета здрава за кожата
Омега-3 масните киселини ги одржуваат кожните клеточни мембрани еластични.
mala_copy_copy_copy_copy_copy_copy_copy_copy_copy_copy_copy_copy_copyЗимска нега за вашата коса
За оптимален ефект од маската за каса пред нанесувањето загрејте ја во микробранова.
najdobri_u_londonМодната недела во Лондон ви нуди...
Какви чевли ни претставија дизајнерите на модните писти во Лондон?

Нови трендови : Колекција есен – зима 2011/12

fasgol

Gucci препорачува дека за вашиот гламурозен изглед ќе ви биде доволен само крзнен шал.

Aпсолутно сите, од студентките до модните експерти ги очекуваат новите трендови од колекцијата за следната сезона.

Со што ќе не изненади модната индустрија овој пат, дознаваме од модните недели во Милано, Париз и Лондон.

Доколку сакате да изгледате модерно и атрактивно и следната сезона, погледнете ги препораките од модните дизајнери кои ќе ви бидат добредојдени за да знаете во која насока треба да ги избирате парчињата облека.

Машки стил

По се изгледа дека машкиот стил ризикува да земе голем замав во женските плакари. Тоа го потврди и колекцијата за наредните есен – зима на Dolce and Gabbana. Во умешните раце на дизајнерите, машкиот смокинг добива нова поинаква интерпретација бидејќи е дополнета со доза на женственост.

Не само пантолоните се сметаат за машка гардероба. За следната сезона, во вашиот машки стил вклучете го и комбинизонот кој може да го комбинирате со бела кошула.

За надополнување на машкиот стил , Gucci препорачува широки панталони во комбинација со долго палто со тенок појас. Женственоста нагласете ја со впечатлив аксесоар, на пример брош на палтото.

Геометриски фигури

Се излажавте доколку помисливте дека геометриските фигури веќе беа доволно доминантни. Дизајнерите ги вклучија и во следната сезона, а особено модерни ќе бидат цик-цак линиите, правилните триаголници и кругови. Значи, задолжително набавете си парче со геометриски дизајн. Добра идеја се коцките, баклавите и карираниот дизајн  кои се сметаат за универзален моден погодок.

Крзно во боја

Зимскиот период ќе ве натера да размислите за топло крзно. Изберете го во нежно розово или сино зелена боја. Gucci  препорачува дека за вашиот гламурозен изглед ќе ви биде доволен само крзнен шал, додека пак, Emporio Armani на своите ревии го истакна класичното црно крзно.

Кожа

Кожата веќе трета сезона по ред, никако да ги напушти модните писти.

Кратки кожени пантолони со високи чизми и кожено здолниште до колена ќе ви овозможат удобност и ултра модерност за есенските прошетки.

Долга наметка

Изберете долга наметка од лесен материјал, со или без ракави. Можете да се одлучите за модел на долго машко палто. Должината до глуждовите е задолжителна.

Акцент на рамената

Нагласете ги рамената со подигнати и обемни ракави, без разлика дали се работи за палто или фустан.

За следната сезона се предвидуваат јаки бои што не е карактеристично за есенските или зимските колекции. Директно од модните писти, и кај нас ќе пристигнат нијансите на црвено, розово, зелено и сино. Улицата нека биде вашата модна писта здефилирање токму со овие трендови, а вие бидете девојка со вкус за мода!




 
Банер
Ѕирни ги новите креации на познатите модни дизајнери
  • 0
  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
  • 6
  • 7
  • 8
  • 9
  • 10
  • 11
prev
next
News image

Овен (21 Март - 19 Април)

Што и да направите денес не ги притискајте вашите емоции. Ако ги ставите во шише нема да помине долго пред да експлодираат, па подобро не ограничувајте ги за да нема престрашени гледачи.                                                  

News image

Бик (20 Април - 20 Мај)

Дали вашиот љубовен живот стагнира? Ако сте сингл, сега е дефинитивно време да превземете ризик. Ако сте во пар време е да почнете отворено да зборувате.                                        

News image

Близнаци (21 Maj - 21 Јуни)

  Денес може да сте малку збркани, па запишете се што треба да сторите и потоа тргнете на работа! Ако не можете сами да се организирате, тогаш побарајте помош од пријател.                                          

News image

Рак (22 Јуни - 22 Јули)

Ова е ден полн во можности за вас, па искористете ја сета одлична енергија. Ако сакате да започнете нешто ново сега е вистинското време, светот бара акција!                                    

News image

Лав (23 Јули - 22 Август)

Ова не е време да размислувате за се рационално, но сепак треба да ја послушате причината. Само верувајте му на инсинктот и направете проверка ако добар пријател ве советува така.                                        

News image

Девица (23 Август - 22 Септември)

Денес поминете што повеќе време со луѓето околу вас, потребни сте им, но и тие ви се потребни вам. Може да се работи за кратка финасиска криза или за вештина која треба да ја надградите.                                        

News image

Вага (23 Септември - 22 Октомври)

Останете колку што можете пофлексибилни денес, во спротивно ќе заостанете. Ако се навикнете на новиот распоред или новата понуда, сигурно ќе постигнете големи поени.                                    

News image

Скорпија (23 Октомври - 21 Ноември)

Потребно ви е гориво, па излезете и наполнете ги резервите. Дефинитивно копнеете за нешто ново, кое може да дојде од речиси било каде, па излезете и пробајте нешто диво.                                        

News image

Стрелец (22 Ноември - 21 Декември)

Потребни сте им на пријателите! Може да е вистинска криза или емоционална дупка, но вашето присуство и став се потребни. Тешко ќе допрете, но сепак мора да сторите се што можете!                                          

News image

Јарец (22 Декември - 19 Јануари)

Треба да лутате со мозокот денес, дури и да сте заклучени со децата дома или на бирото на работа. Може ќе ви помогне интернетот, само полетајте некаде побргу!                                              

News image

Водолија (20 Јануари - 18 Февруари)

Време е да продолжите понатаму! Без разлика дали закрепнувате од лош состанок или застрашувачка работа, треба да го оставите минатото зад себе и да се подготвите за нов предизвик.                                          

News image

Риби (19 Февруари - 20 Март)

Вашите соништа се внимателно компонирана драма од која можете да научите нешто, особено вечерва. Обрнете внимание на малите детали и видете што ќе излезе од нив.                                        

24-05-2012
Ѕирни ги новите креации на познатите модни дизајнери
  • 0
  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
prev
next
News image

Liam Hemsworth

News image

Keanu Reeves

News image

Brian Austin Green

News image

Olivier Martinez

News image

Paul Walker

News image

Chris Evans

News image

Zac Efron

News image

Antonio Banderas

News image

Ricky Martin

News image

Colin Egglesfield

News image

Jeffrey Dean Morgan

News image

Gerard Butler

Колку ви е важен стилот на облекување на вашето момче?