
Одлучете се за облека на линии, во повеќе слоеви или едноставно додадете големи детали.
И додека вашата пријателка постојано се жали на вишокот килограми како непријател број еден при изборот на гардероба, вие се чудите како да изберете облека која ќе ве пополни.
Слабата фигура ви дава младешки изглед поради што секој ви дава помалку барем 3 години. Но, вас ве мачи проблемот што не секогаш можете да си најдете соодветни парчиња облека.
Тоа не значи дека ќе морате да ги посетувате продавниците за детска облека, туку едноставно следете ги следниве модни совети совети:
Модна геометрија
Изберете парчиња облека со разнобојни хоризонтални линии. Ако вертикалните линии визуелно ја издолжуваат и слабеат фигурата, хоризонталните го имаат спротивниот ефект. Колку тие се пошироки додаваат поголем обем на вашата фигура за што дополнителен ефект има и колоритот на линиите.
Женствен обем
Топлото време дозволува да посегнете по обемните и летачки фустани и кошулите со слободен крој. Светлите бои и шарените дезени ќе ја нагласат женственоста и ќе ви додадат неколку сантиметри плус.
За да не изгледате како да сте облекле вреќа, нагласете ги пропорциите со ремен на половината.
Облека во повеќе слоеви
Малиот црн фустан во комбинација со балетанки е премногу монотон избор за вашата фигура. Но, за разлика од сопственичките на раскошни облини, вие сте во предност кога станува збор за експериментирањето моделите со повеќе слоеви.
Набавете си наметки со различна должина и од лесен материјал и комбинирајте ги со сите парчиња облека. Изберете аксесоари како што се марамите за околу врат, широките алки за на рака и макси чанти.
Широки панталони
Широките панталони кој се број еден избор кога станува збор за удобноста. Обемот на бедрата ќе го зголемите со панталони кој имаат тесен струк, а надолу се шират и на тој начин ќе ги пополнат вашите слаби нозе.
Можете да ги носите со чевли со високи потпетици.
Раскошни додатоци
Широките „волуменски“ здолништа кои се идеални за слабите девојки повторно се во мода.
Вечерна комбинација збогатете ја со богати детали, како на пример, на гардеробата додадете голем брош, панделка или цветов кои ќе ја потенцираат вашата женственост. Не плашете се да ги преземете овие едноставни и храбри модни подвизи и не заборавајте дека секогаш постои начин да ја пронајдете вистинската комбинација за вашата фигура!
.gif)






















.gif)























