
За егзотична нота оваа есен потребен ви е животински принт.
Ако барате креативни идеи за вашиот есенски изглед, тогаш ние ви го приложуваме најдоброто од холивудските ѕвезди.
Дочекајте го ладното време со стил! Инспирирајте се од егзотичниот леопардов дизајн на Kim Kardashian, есенските цветови на Emma Stone или кожениот фустан на Jennifer Aniston.
Мачкесто и секси

За егзотична нота оваа есен потребен ви е животински принт. Без разлика дали сте подготвени да ја разбудите вашата дива страна како Kim Kardashian или го преферирате кежуал пристапот на Kylie Minogue вие изненадувачки ќе му дадете динамика на вашиот плакар со овие принтови.
Светли бои

Ако мислевте да ги спакувате вашите летни парчиња во светли бои, позастанете! Јаките бои ќе одиграат значајна улога и оваа есен.
Ако сте доволно смела облечете фустан во жолта боја. Ако пак есента ве поведе со расположението, тогаш ставете на себе барем аксесоари во силни бои како чевлите и чантата на Hailee Steinfeld.
Цветни дезени

За да останете тренди цела есен, одлучете се за апстрактни цветови на темна подлога. Следете ги Leighton Meester и Lea Michele кои се одлучија за цветно здолниште и црна блуза. Или пак облечете цветен фустан како Emma Stone.
Кожени фустани

Заминати се деновите кога кожените фустани беа резервирани за одреден тип на девојки. Најгламурозните дами на Hollywood облекоа такви оваа сезона.
За неодолив секси изглед, познатите како Jennifer Aniston и Rosie Huntington-Whiteley одбраа фустани со скромен, женствен крој.
Црвена тревога

Зачинете го вашиот гардеробер со доза на огнено црвена боја.
Без разлика дали омилени фустани ви е кратките како на Eva Longoria и Khloe Kardashian или фенси како на Olivia Wilde и Julianne Hough, сигурно ќе предизвикате темпераменти реакции во просторијата каде ќе се појавите.
.gif)






















.gif)























