sjae12 проблема и 5 вистини за негата на косата
Ладната вода ја прави посјајна вашата коса и помага балсамот да делува подобро.
ocilata1Тегет – крем комбинација за секој ден
Крем шорцеви + тегет маичка + тренди очила + аксесоар во косата.
kratka110 момчешки фризури за убаво лице
Оваа фризура не крие ништо и цртите на вашето лице ќе дојдат вo прв план.
sminki-junik_podaruvaUnique ви подарува
Откријте какви подароци Unique има подготвено во овој број специјално за вас.

Задолжителни модни додатоци

golemanak

Толку мали, а сепак толку впечатливи – аксесоарите имаат моќ да ја претворат едноставноста во оригиналност.

Толку мали, а сепак толку впечатливи – аксесоарите имаат моќ да ја претворат едноставноста во оригиналност. Освен што го дополнуваат вашиот изглед, тие го разубавуваат и вашето расположение. Се што ви  е потребно се доза на фантазија и смел пристап при нивниот избор и носење.

Погледнете кои модни додатоци се задолижтелни за оваа сезона!

Тенки ремени

Ултра тенките ремени се идеални за истакнување на вашата женствена силуета, особено на туниките или здолништата и панталоните со висок струк. Трендовите за оваа сезона не ве ограничуваат при изборот на бојата.

Тенките ремени со панделка можат да ја разведрат и наједноставната комбинација, затоа побрзајте да си набавите неколку такви.

 

 NotForMen препорака: Префинет накит за раскошни дами

 

Кожени ракавици

Оваа сезона, задолжително треба да имате ракавици до лактите или пак кратки модели со отворени прсти. За да ги заштитите рацете од студеното и ветровито време, одлучете се ракавици од велур или за ракавици од мека кожа.

Во тренд се модели со ектремно оригинални детаљи, како на пример панделки од кожа или многу нитни. Носете ги со палто со ракави до лактите или со дебела наметка-пелерина.

Впечатлив накит

Вистинско време е да се одлучите за голем и впечатлив накит. Ова се однесува како на димензиите, така и на изборот на бои.

Обетките кои висат се идеални за трансформација од едноставност кон ултра екстравагантност. Прстените колку се поголеми толку се помодерни.

При изборот на ѓерданите, одлучете се за големи детаљи кои се „прилепуваат“ на вашиот врат.

Плик чанти

Погледнете кои модели на мали чанти ги предлагаат светските дизајнери!

Чантата, меѓу дизајнерите, позната како мини куфер е вистински тренд сезонава. Интересниот детаљ на закопчување ја прави посебно оригинална.
Бидете во тренд со жолти аксесоари. Оваа плик чанта од жолта кожа може да биде вистински доказ за вашиот софистициран вкус<strong>. </strong>
Чантата од материјал со анимал принт е вистинско разнобојно освежување за есенско-зимската атмостфера.
Bottega VenetaЧантата, меѓу дизајнерите, позната како мини куфер е вистински тренд сезонава. Интересниот детаљ на закопчување ја прави посебно оригинална.
startstop
fwd
1 / 3
bwd






 
Банер
Ѕирни ги новите креации на познатите модни дизајнери
  • 0
  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
  • 6
  • 7
  • 8
  • 9
  • 10
  • 11
prev
next
News image

Овен (21 Март - 19 Април)

Што и да направите денес не ги притискајте вашите емоции. Ако ги ставите во шише нема да помине долго пред да експлодираат, па подобро не ограничувајте ги за да нема престрашени гледачи.                                                  

News image

Бик (20 Април - 20 Мај)

Дали вашиот љубовен живот стагнира? Ако сте сингл, сега е дефинитивно време да превземете ризик. Ако сте во пар време е да почнете отворено да зборувате.                                        

News image

Близнаци (21 Maj - 21 Јуни)

  Денес може да сте малку збркани, па запишете се што треба да сторите и потоа тргнете на работа! Ако не можете сами да се организирате, тогаш побарајте помош од пријател.                                          

News image

Рак (22 Јуни - 22 Јули)

Ова е ден полн во можности за вас, па искористете ја сета одлична енергија. Ако сакате да започнете нешто ново сега е вистинското време, светот бара акција!                                    

News image

Лав (23 Јули - 22 Август)

Ова не е време да размислувате за се рационално, но сепак треба да ја послушате причината. Само верувајте му на инсинктот и направете проверка ако добар пријател ве советува така.                                        

News image

Девица (23 Август - 22 Септември)

Денес поминете што повеќе време со луѓето околу вас, потребни сте им, но и тие ви се потребни вам. Може да се работи за кратка финасиска криза или за вештина која треба да ја надградите.                                        

News image

Вага (23 Септември - 22 Октомври)

Останете колку што можете пофлексибилни денес, во спротивно ќе заостанете. Ако се навикнете на новиот распоред или новата понуда, сигурно ќе постигнете големи поени.                                    

News image

Скорпија (23 Октомври - 21 Ноември)

Потребно ви е гориво, па излезете и наполнете ги резервите. Дефинитивно копнеете за нешто ново, кое може да дојде од речиси било каде, па излезете и пробајте нешто диво.                                        

News image

Стрелец (22 Ноември - 21 Декември)

Потребни сте им на пријателите! Може да е вистинска криза или емоционална дупка, но вашето присуство и став се потребни. Тешко ќе допрете, но сепак мора да сторите се што можете!                                          

News image

Јарец (22 Декември - 19 Јануари)

Треба да лутате со мозокот денес, дури и да сте заклучени со децата дома или на бирото на работа. Може ќе ви помогне интернетот, само полетајте некаде побргу!                                              

News image

Водолија (20 Јануари - 18 Февруари)

Време е да продолжите понатаму! Без разлика дали закрепнувате од лош состанок или застрашувачка работа, треба да го оставите минатото зад себе и да се подготвите за нов предизвик.                                          

News image

Риби (19 Февруари - 20 Март)

Вашите соништа се внимателно компонирана драма од која можете да научите нешто, особено вечерва. Обрнете внимание на малите детали и видете што ќе излезе од нив.                                        

24-05-2012
Ѕирни ги новите креации на познатите модни дизајнери
  • 0
  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
prev
next
News image

Liam Hemsworth

News image

Keanu Reeves

News image

Brian Austin Green

News image

Olivier Martinez

News image

Paul Walker

News image

Chris Evans

News image

Zac Efron

News image

Antonio Banderas

News image

Ricky Martin

News image

Colin Egglesfield

News image

Jeffrey Dean Morgan

News image

Gerard Butler

Колку ви е важен стилот на облекување на вашето момче?