
Колекцијата „Eternity“ (Вечност) е разгледница на Македонија, која изобилува со рачна изработка.
Кога ќе успеете едноставноста да ја претворите во совршенство, тогаш ќе станете врвна трендсетерка за која ниту една блуза не е премногу монотона и ниту едни фармерки не се неупотребливи.
Се што ви е потребно е да си пронајдете начин како на облеката да и ја дадете потребна живост и карактерна нота, која ќе ја направи единствена и поинаква од онаа на толпата девојки која се движи низ градов. Наш предлог е со помош на традицијата измешана со футуристички елементи да се претворите во современата Audrey Hepburn.
- Одберете парчиња облека во бојата на македонското знаме, како и во црна, бела и сребрена боја.
- Здолништата и фустаните со истакнати колкови е она што ќе ја постави вашата женствена фигура во центарот на вниманието.
- Палтата и кошулите со везови, се соодветни за на работното место, а наедно доволно уникатни со малиот традиционален вез на нив.
- При изборот на ткаенини не се откажувајте од рајот за сечие тело, памукот, но за вашите поелегантни комбинации одберете и свила.
- Дозволете си мала авангардност во изборот на аксесоарите, како големи алки и впечатливи ѓердани.
Пресудно за вашиот изглед, покрај вистинската комбинација на парчињата гардероба, е и страста со која ги носите истите. Самоуверено чекорете и верувајте во својата убавина!
NotForMen препорака: Топ 5 есенски трендови - 2 дел
Бидете нетипична модна дама која се држи до традицијата на својата земја, но прави компромис со актуелните модни трендови. Иако самата традиција оваа есен се поклопува со некои модни трендови, па така црвената боја која доминира на нашето знаме и без друго спаѓа во топ 10 есенските трендови за оваа сезона. Тука е и белата тантела која ќе му даде романтична нота на вашиот есенски изглед, а и антички шарм.
Токму ваков сплет на традицијата и футуризмот пронајдовме во колекцијата на модната креаторка Олгица Ѓоргиева.
Колекцијата „Eternity“ (Вечност) е разгледница на Македонија, која изобилува со рачна изработка. Макси фустан или панталони со интересен крој, изборот останува на вас.
Погледнете дел од креациите:
.gif)






















.gif)























