
Вистински раскош на деталите и елеганција во секој милиметар од префинетиот материјал се епитетите на моделите од Versace.
Најверојатно не постои дама на која нема да и застане здивот од моделите на луксузните вечерни тоалети од есенската колекција Atelier Versace на Donatella Versace.
Вистински раскош на деталите и елеганција во секој милиметар од префинетиот материјал се епитетите на колекцијата која веродостојно си заслужи простор на пиедесталот на високата мода.
Творештвото на Donatella Versace изобилува со прецизни линии, геометриски фигури, источни мотиви и впечатливи бои за што инспирација се неоспорната убавина и моќ на жената која знае како да блесне во свечените мигови.
NotForMen препорака: 15 фустани за свечени пригоди
Katy Parry е првата која, на MTV Video Misic Awards, блесна во тоалета од оваа колекција. Не се сомневаме дека уште многу ѕвезди ќе го потврдат својот избор со некоја од овие оригинални креации.
Модните критичари колекцијата ја оценија за чиста десетка и и предвидоа блескава иднина на црвените килими.
Погледнете ги и вие фотографиите и украдете дел од инспирацијата при изборот на вечерна тоалета за следната ваша свечена пригода, можеби свадбата на пријателката, новогодишната ноќ или едноставно некој значаен настан.
.gif)






















.gif)























