
Моделите во стилот од 70-тите дополнете ги со капа од кадифе и кожени ракавици.
Ниските температури не треба да бидат причина да заборавите на најженственото парче од вашиот плакар – фустанот.
Омилената комбинација, тесни фармерки и топол џемпер, е гаранција за удобност, но сепак не треба да се откажете од идејата да ја истакнете фигурата со модел на фустан како симбол на раскош и елеганција.
Оваа сезона модните подиуми изобилуваат со оригинални модели на фустани од кои можете да се инспирирате.
NotForMen препорака: Есенски фустани за на работа
Светските дизајнери предлагаат долги фустани од префинети прозрачни материјали преку кои ѕирка долната облека, додека пак за дневните комбинации одлучете се за фустани од топли и пријатни материјали со должина до колената.
-
Еве на кои детали треба да обрнете внимание при изборот на фустан!
- Заборавете на зимското правило за темните бои и бидете модерни со фустан во впечатлива боја. Бидете забележани со фустан во боја на жар, нијансата на морските бранови, како и сите нијанси на кафе и чоколада.
- За доловување на урбаниот момент во модата, одлучете се за „ѕверски“ принт на вашиот фустан. Експериментирајте со егзотичните мотиви кои потсетуваат на кожа од питон или дива мачка.
- Време е за хипи модели со слободен крој и неодредена должина. Додадете интересни детали како на пример панделки, везени орнаменти или ремен.
- Вратете се назад во модната ера. Моделите во стилот од 70-тите се повеќе од актуелни. Дополнете ги со капа од кадифе и кожени ракавици.
- Кожата како моден елемент на рок културата, можете да ја искористите и при изборот на фустан кој ќе ја истакне екстравагантноста на вашиот стил.
- Нема да погрешите доколку се одлучите за минималистички монохроматски модел со додатоци од крзно на вратот. Раскошното крзно во боја е хит број еден за оваа сезона, па затоа не двоумете се да го додадете на вашиот фустан.
Надмудрете ја зимската атмостфера со појава во неодолив фустан! Погледнете ги моделите од светски познатите дизајнери кои се моден императив за оваа сезона!
.gif)






















.gif)























