
Едноставниот модел од мека кожа е вистински избор за сите поклонички на софистицираноста во изгледот. Сите нијанси на кафена, крем или валкано розева се добредојдени.
За ултра модерен изглед оваа сезона, одлучете се парчиња со едноставен крој во ведра боја или поинаков принт. Нема да погрешите доколку го изберете крзното како моден додаток на вашиот врат или на чизмите.
Погледнете ги парчињата кои се задолжителни за оваа сезона!
Кошула со шарен принт
Кошулата со шарен принт е одличен начин да ја разведрите било која комбинација.
Цветната кошула во повеќе бои одлично се вклопува со еднобојно здолниште до колена или фармерки во стилот од 70-тите во комбинација со палто-сако во темна боја.
Освен за цветни мотиви можете да се одлучите за кошула со етно вез кој е особено актуелен сезонава. Модните дизајнери предлагаат кошула со широки ракави и впечатливи ретро елементи извезени на предниот дел.
NotForMen препорака: Топ 5 есенски трендови
Крзнен елек, наметка или шал
За престојната долга и студена зима набавете си крзнен елек или барем наметка или шал кој ќе го додадете на вашиот капут. Бидете забележани со крзно во јака боја, на пример зелена, сина, портокалова или бордо боја.
Директно од светските писти пристигна и трендот за крзно во две бои!
Фустан во боја
Бидете храбри и купете фустан во црвена, жолта или портокалова боја за вашата денска комбинација.
Притоа пријатните материјали од памук или кадифе се гаранција за пријатност, удобност и префинет изглед и во обичен ден.
Кожено здолниште
За вашата елегантна појава доволно е да се одлучите за кожено здолниште до колената. Едноставниот модел од мека кожа е вистински избор за сите поклонички на софистицираноста во изгледот.
Сите нијанси на кафена, крем или валкано розева се добредојдени.
Краток капут
Краткиот капут во поинаква боја е полн погодок за секоја комбинација. Бидете во тренд со нијанси на мед, капучино, војничко зелена или мастилно сина.
Дајте и предност на бојата која ќе ја истакнете со едноставен модел!
Погледнете ги парчињата кои треба да бидат задолжителен дел од обновата на зимската гардероба!
.gif)





























.gif)























