
Ако пред Chanel, црната беше бојата на тагувањето, по неа стана боја на класичното и стилското.
„Модата избледува, само стилот останува ист.“ - ова се зборовите на легендарната дизајнерка Coco Chanel чии модни правила се безвременски. Таа веруваше дека убавината е во едноставноста!
Дознајте ги 10-те модни совети од Coco Chanel чие практикуваење е синоним за елеганција, префинетост и раскош!
Луксузот значи удобност!
Таа дизајнирала дневна и вечерна облека која била удобна. Доказ за тоа биле ниските потпетици и чантите со долги рачки создадени за да им овозможат комфор на нејзините клиентки.
Панталоните ги ослободуваат жените!
Coco Chanel била првата креаторка која дизајнирала и носела панталони во време кога жените преферирале да се мачат во корсети и долги здолништа.
Нејзината храброст најпрвин била критикувана, но подоцна жените со гордост почнале да носат панталони.
Во модниот свет се смета дека жените на Coco Chanel и ја должат удобноста при седењето и лесното движење.
Обожавајте ги кратките црни фустани!
Coco Chanel го претставила краткиот црн фустан во 1926 кој се покажал како идеален, секси и прилагодлив и за преку ден и за навечер.
Ако пред Chanel, црната беше бојата на тагувањето, по неа стана боја на класичното и стилското.
NotForMen препорака: Модна жртва или икона на стилот?
Парчиња со машки крој!
Во раните дваесетти години на минатиот век многу популарен станал машкиот стил.
Coco лесно ја адаптирала машката облека на нејзината фигура. Таа експериментирала со сè, од џемпери до волнени капути.
Палтата треба да се меки!
Таа ја дизајнираше првата мека јакна која целосно се припивала на женската фигура. Ова бил сосема нов пристап во правењето јакни бидејќи дотогаш тие биле крути и неудобни. Coco им ја понудила на жените деликатната свила, високо поставените отвори за рацете и тесните ракави.
Колку повеќе додатоци, толку подобро!
Таа советува да се одлучите за оригинални додатоци. Оваа модна икона секогаш се појавувала со низи бисери, рубини или смарагди и полускапоцени камења, како и брошови, баретки или капи.
Стилските чевли може да се во две бои!
Chanel ја обожавала црно-белата комбинација, па нејзините познати црно-бели сандали се моден императив. Таа верувала дека ваквите чевли ги прават жените посекси, а нивните стапала помали.
Парфемот е исто толку важен колку и облеката!
Жена која не користи парфем нема иднина, вели Coco Chanel. Исто така, според неа, жената мора да носи парфем секогаш кога сака да биде бакната.
.gif)






















.gif)























