
Точките и ѕвездите се одличен избор за вашите долги здолништа или фустани.
Зимските трендови освен возбудливи треба да бидат и практични. Ниските темпертаури налагаат парчињата облека од топли и пријатни материјали да станат задолжителни за оваа сезона.
NotForMen препорака: 5 задолжителни парчиња за оваа сезона
Притоа модните дизајнери најголема предност им дават на кадифените блузи, туники и фустани со интересен дезен, плетените џемпери и долги кардигани како и крзното во впечатлива боја. Доколку сакате да бидете забележени одлучете се за точкест или ѕвезден принт.
Нема да погрешите доколку се одлучите за еден од следниве модни трендови!
Точки и ѕвезди

Парчињата со точки во различна димензија и боја се вистински избор за оригинален изглед оваа сезона. Освен на облеката точките одлично изгледаат и на хеланките, холахопките, капите и останатите аксесоари.
За ултра софистициран изглед одлучете се за парчиња со ѕвезди во црно бела комбинација. Изгледот можете да го дополните со обетки во облик на ѕвезди.
Погледнете како изгледаат белите ѕвезди на црна или сина основа!
Макси димензии

И покрај тоа што долгите здолништа се сметаат за жежок летен тренд модните дизајнери предлагаат оваа сезона да ја истакнете силуетата со долго здолниште, фустан или капут кои оставаат особено моќен моден впечаток.
Змиски принт

Принтот од егзотична кожа стана дел од голем број модни колекции. Задолжително мора да имате еден пар чевли и чанта од змиска кожа, а најхрабрите може да се одлучат за кожен мантил или здолниште со змиски принт.
.gif)





























.gif)























