
Ако имате голема алка на раката прстенот оставете го за следната прилика.
За новогодишната ноќ изберете накит со кој ќе блеснете во сиот свој сјај, но не потценувајте го правилото дека не треба да бидете пренатрупани. Тоа значи големите обетки никако не смеете да ги комбинирате со раскошно ланче или ѓердан, а ако имате голема алка на раката прстенот оставете го за следната прилика.
NotForMen препорака: Префинет накит за раскошни дами
Ние ви предлагаме вкупно 25 парчиња на уникатен раскошен накит со кој ќе ја истакнете женственоста и ќе ја нагласите елеганцијата токму на најлудата ноќ во годината!
Блескави обетки
Обетките треба да бидат големи, а тоа значи и впечатливи. Висечките обетки се избор број еден доколку планирате да блеснете со соберена коса.
Макси прстен
Прстенот со голем фино обработен камен во впечатлива боја е одличен начин да ги украсите вашите раце за новогодишната ноќ. Почестете ги вашите прсти со раскoшно злато, сребро или платина.
Богати алки
Лесен начина да додадете драматизам на целокупниот изглед е да ставите голема алка или богата нараквица. Бисери во неколку реда, циркони во боја или сребро во комбинација со црни камчиња нека биде вашиот избор.
Раскошни ланчиња
Украсете го вратот со раскошно ланче со циркони во неколку нијанси, едноставно златно синџирче или богатство од ситни циркони. Вашето деколте ќе изгледа уште попривлечно со раскошно ланче.
.gif)






















.gif)























