
Доколку се одлучите за екстремно кратко фустанче деколтето и рацете нека останат покриени.
Новата година е на прагот, а вие се уште не сте го избрале фустанот во кој ќе блеснете?!
Нема простор за паника бидејќи ние ви предлагаме 20 модели на кратки фустани од блескав материјал кои ќе ве инспирираат да ја посетите вашата шивачка или да побарате сличен модел низ бутиците во градот.
NotForMen препорака: 25 идеи за новогодишни фустани
Еве неколку совети кои треба да ги следите при изборот на свечено фустанче за новогодишната ноќ.
- Доколку се одлучите за екстремно кратко фустанче деколтето и рацете нека останат покриени. Кратките модели на фустанчиња се одлични за истакнување на убавината на вашите нозе во што ќе ви помогнат вашите омилени високи потпетици, но премногу голиот изглед честопати се граничи со вулгарноста. Кратките фустани со долги ракави се одличен избор за да ја истакнете сексуалноста.
- Доловете го празничниот гламур со фустан од блескав материјал, но во тој случај одлучете се најмногу за две бои и накитот сведете го на минимум. Доколку се одлучите за блескави детали на фустанот тогаш чевлите и чантата нека бидат од обичен материјал.
- Свечените фустани и дизајнираните холохопки се недобитна модна комбинација. Свечените фустани носете ги со тенки холохопки во месо или црна боја. Сосема незабележлив дизајн е дозволен, но екстремните линии или точки не се препорачуваат во комбинација со мини блескаво фустанче.
- Истакнете ја убавината на вратот и рамениците со модел на фустан со корсет. Корсетот треба да биде од цврст материјал. Доколку е украсен со светкави детали не го украсувајте вратот со накит.
.gif)






















.gif)























