
Крзнена будна, елек или само наметка ќе биде вашиот избор?
Слободните денови околу празниците се одлична можност за да прошетате низ градот или можеби да заминете некаде на планина. Кој и да е вашиот избор ниските температури се немилосрдни, па затоа навреме набавете се топли парчиња облека. Освен топли тие треба да бидат и модерни.
Плетено и крзнено
Оваа сезона нема да погрешите доколку се одлучите за плетени додатоци, како на пример капа, шал и ракавици. Плетените туники, кратки блузи или џемпери се одличен избор за вашиот изглед преку ден.
Освен плетено, одлучете се за крзно кое освен што ќе ве стопли ќе додаде доза на драматизам на вашиот изглед. Крзнена будна, елек или само наметка ќе биде вашиот избор?
Доколку сакате мала доза на гламур, одлучете се за крзнена чанта или парче крзно на вашите обувки.
NotForMen препорака: Модерни и топли џемпери
Живописни бои
Покренете го зимското расположение со избор на облека во впечатливи бои. Оние помалку смелите може да се одлучат за аксесоари во црвена,портокалова, сина или виолетова боја.
Земјените нијанси и натаму се во играта на трендот.
Удобни обувки
Зимските обувки треба да бидат удобни и топли. Едноставните модели на рамни чизми од кожа треба да бидат во оригинална нијанса, додека оние со потпетица треба да се издвојуваат по деталите како на пример врвци, крзно, дрвена потпетица...
Погледнете го изборот на парчиња облека кои заслужуваат место во вашиот плакар оваа зима!
.gif)


































.gif)























