
Временските услови не треба да бидат причина да заборавите на кусите туники или фустани кои ќе ги носите со дебели холохопки.
Ниските температури се добар повод да облечете повеќе парчиња облека, но под услов да бидат модерни и да се надополнуваат едно со друго.
NotForMen препорака: Тренд бои за 2012 година
Временските услови не треба да бидат причина да заборавите на кусите туники или фустани кои ќе ги носите со дебели холохопки.
Капутот е задолжително парче од гардеробата, а оваа сезона модата остава голем простор за експериментирање со моделите и боите.
За инстант стоплување одлучете се за крзно кое е тренд број еден оваа сезона.
Погледнете ги идеите за комбинирање на вашите зимски парчиња облека!
Кратко, но топло

Истакнете ги нозете со куса туника или куси панталончиња и холохопки од дебел материјал во впечатлива боја или дезен. Во тој случај капутот нека биде долг, а зимските аксесоари односно капата, шалот и ракавиците ќе го дополнат вашиот тренд изглед за појава на градските улици.
Во боите на виножитото

Веселите бои можат многу брзо и ефикасно да го подобрат вашето расположение па затоа дизајнерите не ги штеделе материјалите во креирањето на парчиња во екстремно јаки бои кои се предвидува да останат тренд и во 2012.
Тие порачуваат оваа зима да комбинирате розова и портокалова, сина и зелена, жолта и бела, а бордо бојата додава доза на елеганција на секоја комбинација.
Ѕвезди и точки на вашата облека

Црвено - црната комбинација и натаму останува безвременска модна класика. Точките или ситните ѕвезди ќе го разведрат вашиот зимски изглед. Баретките се вистински избор за шик појава.
Крзно во необична боја
![]()
Гламурот ви е загарантиран со крзно во боја и едноставен, но елегантен фустан. Темно зелената или бордо бојата е одличен избор за блеснете во полн сјај, а во тоа ќе ви помогне и накитот.
.gif)






















.gif)























