
Посакувате вашата облека да флертува со околината? Тоа е возможно со најновата колекција која нуди свечени парчиња облека кои се како создадени да ја дополнат празничната атмосфера.
Колекцијата е совршен спој на шик и елеганција, а нејзините оригинални парчиња се вистински избор за дами од различни возрасти.
Како да го добиете празничниот стил! Погледнете дел од колекцијата!
Црна тантела
Црната боја е универзално средство за нагласување на свечениот изглед, а во комбинација со свилата или тантелата е вистински избор за да ја истакнете сексуалноста во себе.
Едноставниот краток модел на црн фустан и црното сако во комбинација со дизајнираните холохопки или црниот фустан од тантела и крзно во боја се комбинациите кои ги предлага оваа колекција.
Раскошно крзно
Краткиот фустан во песочна боја ќе ја истакне убавината на вашите нозе, а во овие студени зимски денови носете го крзнена бунда во бела боја.
Дополнете го свечениот изглед со долг елегантен капут со раскошно крзно на вратот и ракавите и се разбира високи потпетици на платформа.
Куси панталончиња
Туниката со еден широк ракав е совршен избор за свечена вечера во ресторан, додека пак ноќта во диско со пријателките искористете ја да ги истакнете нозете со тесни панталончиња од кожа или друг впечатлив материјал.
Bebe Holiday Fashion Collection 2012 за свечен изглед предлага голема чанта од црна кожа со некој интересен детаљ.
Погледнете дел од колекцијата!
.gif)






















.gif)























