
Од гламурозна дива до урбана девојка од соседството, модниот талент на Blake Livley е неоспорен.
Ѕвездaтa од серијата Gossip Girl, Blake Lively е повеќе од моден идол на милиони девојки ширум светот.
Нејзиниот стил модните експерти го сместуваат некаде на границата со перфекционизмот, а секоја наредна прилика е добар повод таа да го потврди тоа со успешниот избор на облека.
Повеќе од заслужено се вбројува меѓу најдобро облечените на планетата, а нејзината појава ги краси насловните на светски познатите магазини. Од гламурозна дива до урбана девојка од соседството, модниот талент на Blake Lively е неоспорен!
NotForMen препорака: Blake Lively ќе биде Carrie Bradshaw?
Нејзината идеална фигура изгледа подеднакво привлечно во куси шорцеви и едноставна маичка, но и во свечен фустан.
Црвениот килим најчесто е место каде таа повеќе од успешно го демонстрира изборот на оригинален фустан со различна должина, боја и материјал.
Нејзиниот шик изглед секогаш е дополнет со уредна фризура, впечатливи високи потпетици и чанта во зависност од пригодата.
Црно – белата комбинација е погодок број еден на Blake Lively, а кусите здолништа и фустани секогаш и се при рака за да ја истакне убавината на нозете.
Приказната за стилот на Blake Lively раскажана низ фотографии изгледа вака:
.gif)






















.gif)























